| Ова овошје кое што го нарекуваат уште и кинеска јаготка расте во суптропските региони на Југоисточна Азија. Кинеската јаготка е една од оние овошја наречени „добри за тебе“ и има прекрасен вкус кој може да се меша и со други вкусови. Кинеската јаготка е невообичаено богата со OPC`s (олигомерни проантоцианидини) најмоќниот вид на антиоксиданти, чистачи на слободни радикали, за кои се верува дека го поддржуваат секој метаболички процес во телото. OPC`s можат да го заштитат телото од внатрешен и надворешен стрес и се вели дека помагаат во одбраната од кардиоваскуларни и други дегенеративни болести, како и од предвремено стареење. Олигомерните проантоцианидини од кинеската јаготка исто така го јакнат имуниот систем, го намалува крвниот притисок, помагаат во намалување на ЛДЛ холестеролот, и ја зголемуваат јачината и еластичноста на крвните садови. При процесот на опаѓање на колагенот, ја одржуваат кондицијата на кожата и ги измазнуваат брчките. Кинеската јаготка има кружен облик со сјајна боја и балансирана овшна шеќерна киселина во плодот, кој е исклучително богат со антиоксиданти, витамини, минерали, вклучително и витамините Ц, Б2, Б3 и каротен.
|