| Последниве години модерната медицина почна да го цени Алое Вера кактусот (Aloe Barbadensis Muler) како исклучително лековито растение. Алое Вера е природен извор на витаминот Б12 и многу други лековити состојки. Во својот состав содржи ацеман-соединение кое ја поттикнува функцијата на Т-лимфоцитите, а со тоа го зајакнува одбрамбениот систем Важи за здрава дневна подршка на организмот и претставува непресушен извор на полисахариди, аминокиселини, ензими, витамини и минерали. Ензимите како биохемиски катализатори кога се земаат орално ја помагаат дигестијата преку раскинување на мастите и ше?ерите. Минералите како калциумот, железото, магнезиумот, натриумот, цинкот, и антиоксидантот селен, се потребни за правилно функционирање на ензимскиот комплекс во различни метаболички процеси. Антраквиноните ги има 12 како фенолни компоненти во алоето. Во мали дози ја помагаат апсорбцијата на гастроинтестиналниот тракт и имаат анти-бактериско и смирувачко дејство. Сапонините ги има околу 3% во алое вера гелот и имаат антисептичко дејство. Во настојувањата да се потенцира и пове?екратно да се зголеми позитивниот ефект на алоето врз дигестивниот систем, компанијата Lily of the Desert BRAND NO.1 разви единствена комбинација на Алое Вера со Папаја, во сопствените лаборатории. Како додаток во исхраната, Алое Вера со Папаја е единствена мешавина од органски алое вера сок од целиот и централниот дел на листот, пулпи од алое вера, папаја, круша и портокал. Во желудникот и цревата, папајата ги разложува месните влакна и го забрзува процесот на кинење на белковините. Недоволната биохемиска обработка на белковинските состојки, остава во цревата штетни продукти од разградбата. Папајата темелно го разложува сметот, а остатоците, без болни ветрови и останатото тровање, се излачуваат. Само со помош на здрава цревна флора можат да се ресорбираат животно важните минерали и витамини Круша - богата со животноважни состојки а особено со калциум и калиум. Медицината И придава особено значење во лечењето на дигестивниот тракт, при пореметување во крвотокот, кај болестите на бубрезите, кај надуеност на стомакот, како диетална храна. Портокал - Богат е со етерично масло, хесперидин, калиум, горчлив и кристален гликозид, витамин Ц, горчлива киселина, таннин, лимунска и јаболчна киселина. Се употребува за подобрување на крвната слика, размена на материите и за регулирање на варењето. Примена на Алое Вера со папаја: кај функционални нарушувања на гастроинтестиналниот тракт - гасови, надуеност во стомакот, опстипација. |