| Алое Вера е кактус од фамилија лилјани и спаѓа во групата на сочни растенија. Од преку 240 видови на Алое, само четири имаат значение во исхраната и терапијата на разни видови заболувања. На прво место е Aloe Barbadensis Muler кое покрај останатите лековити состојки е природен извор на витаминот Б12. Важи за здрава дневна подршка на организмот и претставува непресушен извор на полисахариди, аминокиселини, ензими, витамини и минерали. Во настојувањата да се подобрат природните лековити својства на алоето, особено позитивниот ефект на алоето врз нормалното функционирање на коските и зглобовите, Компанијата Lily of the Desert BRAND NO.1 разви единствена растителна џоинт формула(со подлога од алое вера гел) во сопствените лаборатории. Користено е алое вера од сопствените плантажи, каде се запазени најстрогите критериуми за органско производство и природни супстанции, со кои се потенцира и пове?екратно се зголемува позитивниот ефект на алоето врз човековиот коскено-зглобен систем. Како додаток во исхраната, го стимулира создавањето на рскавицата во зглобовите со што се спречува процесот на нивна дегенерација, се обезбедува поголема подвижност на зглобовите и се намалува чувството на болка и немоќ. Во составот на Хербал џоинт формулата со алое вера спаѓаат и следниве додатоци: Глукозамин сулфат. Тоа е природна супстанција која во многу мали количини се наоѓа во храната, а во организмот ја произведуваат клетките на рскавицата. Со стареењето организмот ја губи способноста за создавање на доволни количини на глукозамин. Колената, колковите, рачните зглобови, се места каде најчесто недостасува глукозаминот, а ваквиот недостаток долгорочно гледано преминува во остеоартхритис. Природен извор на глукозамин сулфатот е оклопот од школките и раковите од каде и се естрахира. Основната функција на глукозамин сулфатот е да го стимулира создавањето на глукозаминглукани (ГАГ), шеќери кои се неопходни за обновување на рскавицата во зглобовите. Дејствува позитивно на метаболизмот на рскавицата, го спречува распаѓањето и ја стимулира обновата на оштетената рскавица. Има изразено против воспалително дејство со што се намалува отокот и болката во зглобовите. CHONDROITIN - го подобрува квалитетот на рскавицата со навлажнувачкото својство, при што рскавицата станува посунѓераста и поотпорна на дегенеративни промени. Служи како материјал за синтеза на нова здрава рскавица, како и за заштита на постојната рскавица од предвремено пропаѓање и уништување. MSM (Methyl-sulfonyl-methane) е важен извор на биорасположлив сулфур,кој има непроценливо значење во одржувањето на компактноста и еластичноста на сврзното и другите ткива во човековото тело. Важен составен дел е на белковините особено оние кои ги има во состав на косата, ноктите, кожата и тетивите. МСМ ги одржува здрави зглобовте и мускулите, ја поттикнува циркулацијата и е неопходен за синтеза на колагенот. SHARK CARTILAGE - природен екстракт од рскавица на ајкула. Докажано е дека рскавицата од ајкула содржи комплексни јагленохидрати (мукополисахариди), кои се модулатори на имунолошките реакции и успешно ги спречуваат воспалителните процеси во зглобовите. Со тоа ги штити зглобовите од предвремено стареење и ја подобрува нивната подвижност. C VITAMIN - е многу важен за нормалното функционирање на имунитетот. Тој е природен антихистаминик т.е има изразено антивоспалително дејство. Важен е и за создавањето колаген. Се внесува со исхраната со консумирање продукти богати со витамин Ц, како што се јаболко, пиперка, портокал, цитрон, киви и тн. Хербал џоинт формула - се користи за превенција и терапија на ревматски заболувања и сите болести на коскено-зглобниот систем. Како додаток во исхраната се препорачува кај спортисти, бодибилдери, кај луѓе кои имаат зголемена физичка активност во текот на работниот процес и трпат поголеми оптеретувања на коските и зглобовите. Делотворен е при скршеници, истегнати и напукнати тетиви и лигаменти. Лек на избор е при: артроза, ревматски артрит, спондилитис, дископатија, хондромалација (омекнување на чашката на коленото), при ревматски болки и во постоперативен третман на зглобови, при малигни заболувања и метастатски промени на коските.
|