| Лековитите својства на алоето се познати уште од стариот век. Први пишани извори на глинени плочи за терапевтската примена на алоето датираат од времето на сумерскиот крал Акад. Древниот Египет бил познат по вештините за зачувување на женската младост и убавина. Фараоните го чувале како еликсир на долговечноста. Во старогрчкото царство алоето било симбол на убавината, смиреноста, среќата и забавата. Древниот. Хипократ споменува неколку својства на алоето: во растот на косата, лечењето на израстоци, ублажување на дизентерија и жолчни тегоби. Александар Македонски во 330 г.п.н.е. по препорака на неговиот учител Аристотел ги залечил раните кои ги здобил од непријателските стрели третирај?и ги со масло од алое. Бедуините од Арапскиот полуостров и туаречките борци од Сахара, одамна ги познавале поволните својства на алоето, кое го нарекувале пустински лилјан. Освен агавата, алоето било едно од 16 лековити растенија кои американските индијанци ги сметале за свети и ги почитувале како божества. Алое Вера е кактус од фамилијата на лилјани - "сочно" растение. Како "сочно" растение, директно ја апсорбира водата од околната почва. Ако почвата содржи хербициди, пестициди или други хемикалии, тие се апсорбираат во листовите и се причина за намалување на хранливите состојки на растението. Органското сертифицирано алое вера не содржи никакви хербициди, пестициди или други тешки хемикалии и затоа се преферира пред останатите. Традиционалниот алое вера гел од централниот дел на листот е направен преку отстранување на надворешната кора низ процес на добивање на гел од внатрешноста. Со новите процеси на добивање, алое вера гелот е направен од целиот лист, а со фино отстранување на несаканите горчливи состојки. Целиот лист на алоето содржи и до два до три пати повеќе алое-полисахариди отколку само централниот дел на листот. Студиите ги ратификуваа алое-полисахаридите како биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте лековити и антиинфламаторни квалитети на алое вера. Во настојувањата да се потенцира и пове?екратно да се зголеми позитивниот ефект на алоето врз имунолошкиот систем, компанијата Lily of the desert разви сопствено производство на алое вера гел чие пакување се прави најдоцна до 4 часа од бербата на алое вера листовите од сопствени плантажи. Во составот на алое вера гелот и сокот влегуваат: Аминокиселини - аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин. Ензими - алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза, дехидрогеназа. Минерали - калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар, калиум, алуминиум. Витамини - А, Б1,Б2,Б12,Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин. Гелот е направен од алое вера сок со додавање на згуснувач. Гелот и сокот се еднакви во ефикасноста бидејќи сокот е 99,7% а гелот 99,5% алое вера. Густата состојба на гелот е често преферирана за пиење како и за надворешна употреба. Сокот пак може да биде полесно додаден во Вашиот омилен пијалак
Делување на Алое Вера За целокупно здравје - го зајакнува имунолошкиот систем, како и многу други телесни функции. Важи за дневна здрава поддршка на организмот. Може да се зема заедно со витамини и растителни суплементи. Помага во варењето на храната и функционирањето на желудникот, тенкото и дебелото црево. Ја регулира столицата. Се препорачува при воспаление на белите дробови, бронхитис, астма, синузитиси. Делува при воспалителни промени на бубрезите, мочните патишта, мочниот меур, камен во мочните патишта. Помага во одржувањето на здрава усна шуплина и грло. Важен е кај гребнатинки, акни, отоци, спортски повреди, изгореници, пресекотини, егземи, каснувања од инсекти, јадежи, разни убоди, израстоци на кожата...
|