100% органски АЛОЕ ВЕРА СОК - апсолутно без конзерванси -

                Алое Вера е кактус од семејството лилјани  и спаѓа во групата на сочни растенија. Од преку 240 видови на Алое само четири имаат значение во исхраната и терапијата на разни видови заболувања. Лековитите  својства на алоето се познати уште од стариот век. Први пишани извори на глинени плочи за терапевтска примена на алоето датираат од времето на сумерскиот крал Акад. Древниот Хипократ споменува неколку својства на алоето:во растот на косата, лечењето на израстоци, ублажување на дизентерија и жолчни тегоби. Александар Македонски. во 330 г.п.н.е по препорака на неговиот учител Аристотел ги залечил раните со кои се здобил од непријателските стрели, третирајќи ги со масло од алое. Бедуините од Арапскиот полуостров и туаречките борци од Сахара, одамна ги познавале поволните својства на алоето кое го нарекувале- пустински лилјан.

              Последниве години и модерната медицина почна да го цени ова исклучително лековито растение. На прво место е Aloe Barbadensis Muler (вистинско алое) кое покрај останатите состојки претставува природен извор на витаминот Б12. Во настојувањата да се подобрат природните лековити својства на алоето, компанијата Lily of the Desert BRAND NO.1 во светот, разви единствена формула на 100% чисто алое, апсолутно без конзерванси. При тоа се користени органски одгледувани алое кактуси од сопствените плантажи, каде се запазени најстрогите критериуми за органско производство. При ваков тип на производство, строго е забранета употреба на агрохемиски средства (хербициди, пестициди) бидејќи алоето како сочно растение,го апсорбира од почвата сето она што таа го содржи. Самиот процес на култивирање на кактусите од насадување, растење, преку бербата се до добивање финален производ се врши под надзор на USDA (UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE). Алое производите  добиени на ваков начин се двојно  сертифицирани (TEXAS DEPARTMENT OF AGRICULTURE и  USDA) и овие сертификати претставуваат  гарант за квалитетот  на производот. Ваквиот озбилен и одговорен пристап кон високо квалитетно органско произведство ја прави компанијата Lily of the Desert BRAND NO.1 во светот веќе 33 години наназад. Во последните 5 години верните потрошувачи на алое производите од оваа компанија, ја ставија на прво место според остварената продажба.

 

ПРОБАЈТЕ ГО И ВИЕ  -  ЌЕ ЈА ЗАБЕЛЕЖИТЕ РАЗЛИКАТА !

 

               Алое Вера сок - апсолутно без конзерванси е добиен од целиот лист на алоето со фино одстранување на горчливите  материи. Со тоа двојно е зголемена концентрацијата на активни полисахариди и е добиен производ со исклучително лековити особини. Lily of the Desert BRAND NO.1 во производствениот процес го избегнува филтрирањето за да се минимизираат промените во бојата и вкусот. Испитувањата вршени во познати светски, независни лаборатории, покажуваат дека алое сокот апсолутно без конзерванси, има исклучително добра биорасположивост на активните компоненти, со многу брза ресорпција и остварување на посакуваниот ефект. Одсуството на конзерванси обезбедува одржување на природното pH, со што е постигнат подобар вкус и дигестија на производот.

            Во состав на Алое Вера сокот без конзерванси  влегуваат:

           -Аминокиселини - аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, леуцин, изолеуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин.

           -Ензими - алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза, дехидрогеназа.

           -Минерали - калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар, калиум, алуминиум.

           -Витамини - А, Б1, Б2, Б12, Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин.

 

            Делување на Алое Вера сок апсолутно без конзерванси:

За целокупното здравје - го зајакнува имунолошкиот систем, како и многу други телесни функции. Важи за дневна здрава поддршка на организмот. Може да се зема заедно со витамини и растителни суплементи. Помага во варењето на храната и функционирањето на желудникот, тенкото и дебелото црево. Ја регулира столицата. Се препорачува при воспаление на белите дробови, бронхитис, астма, синузитиси. Делува при воспалителни процеси на бубрезите, мочните патишта, мочниот меур, камен во мочните патишта. Помага во одржување на здрава усна шуплина и грло. Важен е кај гребнатинки, акни, отоци, спортски повреди, изгореници, пресекотини, егземи, каснувања од инсекти, јадежи, разни убоди, израстоци на кожата...

         ШТЕТНИ ЕФЕКТИ не се познати. Препаратот не се препорачува кај бремени жени, доилки и деца под двегодишна возраст.

         НАЧИН НА ЧУВАЊЕ: бидејќи препаратот е од органско потекло и не содржи конзерванси и стабилизатори - препорачуваме откако ќе се отвори да се чува во фрижидер.

            ПАКУВАЊЕ: препаратот е пакуван во стаклена амбалажа (946мл) со што квалитетот и составот на алоето е сочуван за подолг временски период и покрај неупотребата на конзерванси и стабилизатори.

         НАЧИН НА УПОТРЕБА: во превенција се користи три пати дневно половина час пред оброк, а за лекување на конкретни видови заболувања, потребно е прилагодување на дозата

 

ПОРАЧАЈ 

 

НОВО!НОВО!НОВО! Dynamic Health раб.време:10.00 - 18.00 02/3 136-000


ДОСТАВА ДО ДОМА! + птт трошкови


ФЕРМЕНТИРАНА ПАПАЈА СО НОНИ И ВИТАМИН Ц 1490.00 денари


copyright © Eco Food